Напредок Радово гостува кај Слога

Екипата на Напредок Радово во недела ќе гостува кај Слога во Виница во натпревар од 17. коло.

Гостите од Радово се благи фаворити подари подобрата форма во која играат во однос на домаќините, но Слога ја има предноста што игра на свој терен и пред своја публика.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Овој натпревар ќе биде интересен за гледачите кој ќе го проследат бидејќи и за двете екипите бодовите се потребни.

Екипата на Напредок од Радово во случај на победа може да се искаче максимум до седмото место но и да ја зголеми бодовната разлика, додека Слога и со победа ќе остане на 13-тото место но ќе се доближи на 12-тото и 11-тото место, а исто така и ќе ја зголеми бодовната разлика во случај да Рудар кој е на 14-тото место загуби на гостувањето кај Работник Џумајлија.

Натпреварот е со почеток од 14 часот.

Comments are closed.

Capture