Хоризонт Турново на тешко гостување кај Еуромилк

Фудбалерите на Турново по поразот во претходното коло од Тиквеш Кавадарци на „Кукуш“ се соочуваат со тешко гостување кај Еуромилк.

Екипата на Еуромилк е третопласирана со 26 бодови со што преку бараж може да изборат пласман во Првата лига. Но сепак, клубот од Горно Лисиче ќе игра со голем мотив да се искачат на второто место со што може директно да обезбедат пласман во Првата лига.

Разликата помеѓу нив и второпласираниот Скопје е само еден бод.

Хоризонт од Турново моментално игра во лоша форма. Откако загуби во претходното коло од последно пласираниот Тиквеш Кавадарци, Турновци ќе мора да ја подобрат својата форма со цел да не си ја загрозат моменталната ситуација, па да треба кон крајот на сезоната да се борат за опстанок.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo 2

По победата на Тиквеш Кавадарци дното од табелата доживеа мали но значајни промени. Тиквеш е последен со 10 бода, Тетекс од осмото се пресели на 9-тото место со 12 бода, додека Вардар од Неготино е на осмото место со 13 бода. Велазерими со 15 бода е 7-ми на табелата.

Како се ближиме кон крајот од сезоната клубовите од долниот дел на табелата почнуваат да играат подобро и подобро со што ќе имаме вистинска борба за опстанок во Втората лига.

Турново е на средниот дел од табелата и имаат само 6 бода предност пред осмото место, место кое преку бараж обезбедува опстанок во лигата, додека од деветтото место имаат 7 бода предност, место кое води директно во Третата лига.

Натпреварот Еуромилк – Хоризонт Турново се игра во сабота со почеток од 14 часот.

Comments are closed.

Capture