Преглед на 15. коло во Втората лига: Академија Пандев сигурен патник за во Прва лига, голема неизвесност за останатите места

Преглед на 15. коло од Втората македонска фудбалска лига кое се одигра во саботата а беше комплетирано вчера со натпреварот помеѓу Хоризонт Турново и Тиквеш Кавадарци.

Првиот натпревар од оваа коло беше натпреварот помеѓу екипите на Новаци и Академија Пандев. Овој дуел кој што привлече многу внимание за љубителите на македонскиот фудбал заврши со резултат од 0:1 за струмичкиот клуб.

Голема неизвесност и голем број на неискористени шанси кај двата клуба беа елементите што го одбележаа овој дуел. Единствениот гол го постигна Дориев во 67. минута од натпреварот.

Тетекс на градскиот стадион во Тетово го пречека тимот на Скопје. Гостите напаѓаа до последната секунда од натпреварот бидејќи три бода им беа повеќе од потребни, со цел да може да ја зголемат бодовната разлика во однос на третопласираниот Еуромилк, но одбраната на домаќините беше црвста и не дозволија да примат погодок. Натпреварот заврши со резултат од 0:0.

Тетовчани одиграа одлично и се изборија за значаен бод но остануваат и понатаму во опасната зона на испаѓање во Третата лига.

vtora liga - 15 kolo

Велазерими на домашен терен ги разочара фановите откако претрпе пораз од 0:2 од гостите од Неготино. Фудбалерите на Вардар Неготино ја подобруваат својата игра а тоа го докажаа и со оваа победа, пред се значајна победа бидејќи сега се искачија на 8 место, со што директното испаѓање во Третата лига за момент го избегнаа.

Хоризонт од Турново игра во многу полоша форма од есенскиот дел. На својот „Кукуш“ доживеа пораз од 1:2 и тоа од последниот Тиквеш Кавадарци кои сега со новите три бода се враќа во борба за седмото место, место кое обезбедува опстанок во Втората лига или евентуално осмо место кое преку бараж обезбедува опстанок во Вторага лига.

Металург и Еуромилк го одиграа натпреварот на колото. Иако фановите на двата клуба очекуваа доста погодоци на овој натпревар сепак, заврши без погодоци (0:0).

Со сигурност можеме да кажеме дека Академија Пандев од следната сезона ќе игра во Првата лига. Академците се први на табелата со 40 бода и имаат предност од 13 бода во однос на второпласираниот Скопје.

Голема неизвесност на табелата има од второто до петтото место на табелата. Скопје е втор со 27 бода, еден бод помалку има Еуромилк кој е третти. Новаци со 25 бода е на 4-тото место, додека ланскиот прволигаш Металург со 23 бода е петто пласиран.

На долниот дел од табелата имаме мали промени. Тиквеш Кавадарци и понатаму е последен но сега со 10 бода, Тетекс се сели на деветтото место на табелата со 12 бода. Вардар од Неготино е осми на табелата со 13 бода, додека Велазерими е седми со 13 бода.

Хоризонт Турново со 19 бода е шестти на табелата во Втората лига.

 

Comments are closed.

Capture