Најава на 17. коло Трета лига – Исток

Во недела со почеток од 14 часот ќе се одигра 17. коло од Третата лига – Исток. Во оваа коло ќе се одиграт вкупно седум натпревари.

Првиот натпревар се игра во Свети Николе помеѓу екипите на Овче Поле и Осогово. Овој натпревар ќе биде еден од највозбудливите во Третата лига – Исток бидејќи трите бода се значајни и за двете екипи во борбата за третото место.

Тиверија на домашен терен ќе игра против Брегалница од Делчево. На домаќините им се потребни бодови со цел да може да останат во игра за седмото место.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Работник Џумајлија на свој терен е фаворит против Рудар од Пробиштип. Беласица на „Младост“ ќе игра против Василево, тим кој е пласиран на 12-тото место со 15 бода. Беласица во овој натпревар е апсолутен фаворит, па чудо би било да Василево да дојде реми или евентуална победа против првопласираниот тим.

Плачковица на градскиот стадион во Радовиш ќе го пречека Кит-Го од Пехчево. Радовишани се фаворити на овој натпревар, но незгодниот Кит-Го може да ги изненади бидејќи му се потребни бодови за да остане во игра за некое од погорните места на табелата.

Саса е домаќин на беровски Малеш додека Слога во Виница го пречекува Напредок Здравје Радово. Екипата на Напредок од Радово при евентуална победа ќе остане сериозен кандидат за седмата позиција на табелата.

Големи промени на табелата по 16. одиграни кола нема. Беласица останува лидер на табелата со 45 бода, втора е Плачковица со 39 бода, но од третата позиција до петтата имаме тесна „трка“. Саса е трета со 34 бода, бод помалку има Осогово додека Овче Поле е петти со 31 бода.

15-тото место останува за Конче Бирлик кој не се натпреварува повеќе, Рудар е 14-ти на табелата со 10 бода, додека Слога од Виница со бод повеќе е на 13-тото место.

Comments are closed.

Capture