Академија Пандев во дуел против Металург

Фудбалерите на Академија Пандев и Металург во саботата го играат дерби мечот во рамките на 16.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев во овој натпревар ќе важи за фаворит пред се, поради подобрата форма која ја има во моментот, позитивната атмосвера која владее во овој клуб и мотивот кај фудбалерите.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017 3

Екипата на ланскиот прволигаш Металург е свесна дека ги очекува тешко гостување во Струмица. Свесни дека ќе се соочат со лидерот на табелата кој до сега има само еден пораз и едно реми и вкупно 13 победи.

Академијата има 13 бода предност пред второпласираниот Скопје кој има 27 бода, со што струмичкиот клуб е сигурен патник во Првата лига.

Но Металург доколку сака да остане во игра за второто односно третото место со што би можел да се врати во Првата лига мора во саботното дерби да дојде до победа и трите важни бода за нив.

Тесна е разликата од петтото до второто места, а исто така е и голема конкуренцијата за влез во „елитното друштво“.

Во досегашниот тек од лигата, струмичани се со најмногу постигнати погодоци вкупно 38, но исто така ја имаат и најдобрата одбрана, само 9 примени погодоци.

Металург до сега има постигнано 20 погодоци а примиле дури 23 со што нивната одбрана не е во најдобра форма.

Мало потресување за состојбата на врвот од табелата. Веќе многу добро знаеме дека Академија Пандев е прва со 40 освоени бодови, Скопје со 27 бода е втор, веднаш за нив е Еуромилк со 26 бодови, додека Новаци ја држи четвртата позиција со 25 бода.

Металург е петти со 23 бода и поради тесната „трка“ на табелата трите бода му се потребни за да остане во игра за можни шанси за да се врати во Првата лига.

Овој натпревар во сабота ќе започне од 14 часот.

 

Comments are closed.

Capture