НОВУС и АИМ склучија меморандум за соработка

Здружението НОВУС од Струмица претставувано од претседателот Ѓорги Тасев и Асоцијацијата за интернационална мобилизација (АИМ) претставувано од претседателот Никица Бачовски од Виница денес склучија меморандум за соработка.

Slika 1Воедно, тие се обврзаа нивните заеднички активности и дејствувања да бидат базирани во 4 сегменти и тоа:

•           Млади и младински активизам

•           Добро владеење и владеење на правото

•           Децентрализација

•           Промоција на човекови права

Со овој меморандум, покрај реализацијата на заеднички активности, здруженијата се обврзаа да разменуваат искуства и знаења, да аплицираат на заеднички проекти и да придонесат заеднички со целиот свој капацитет за јакнење на граѓанското општество како коректив на работата на властите.

Comments are closed.

Capture