Преглед на 16. коло од Третата лига – Исток

Во неделата се одигра 16. коло од Третата лига – Исток каде беа одиграни вкупно 6 натпревари.

Најубедливата победа ја имаа фудбалерите на Беласица во Пробиштип во натпревар против екипата на Рудар. Крајниот резултат беше 0:6 во корист на струмичани.

Малеш во Берово ремизираше со Слога играјќи 1:1, додека Кит-Го во Пехчево минимално славеше над Саса (1:0).

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Во Василево радовишани беа пресилни за домаќините. Со резултат од 1:3 славеше Плачковица. Брегалница Делчево со победа од 2:0 славеше на домашен терен над Работник Џумајлија, додека Осогово на домашен терен ја прегази Тиверија со високи 5:0.

Нема големи промени на табелата. Од првото до третото место нема промена, Беласица е прва со 45 бода, втора е Плачковица со 39 бода, додека 5 бода помалку има Саса која е третопласирана.

На долниот дел од табелата Конче кој повеќе не се натпреварува со 0 бодови. Рудар е на 14-тото место со 10 бода, Слога на 11-тото место со бод повеќе, додека Василево е на 12-тото место со освоени 15 бодови.

Следното коло е закажано за 12 март со почеток од 14 часот.

Comments are closed.

Capture