Тиверија декласирана во Кочани но и понатаму во борба за седмото место на табелата

Тиверија на гостувањето во Кочани доживеа голем пораз од Осогово со резултат од 5:0. Осогово игра многу амбициозно и го напаѓа третото место на табелата.

14199263_611725192343070_8347436526888840606_n

Според моменталната состојба на табелата Осогово е четври со 33 бода и има еден бод помалку од третопласираната Саса од Македонска Каменица.

Тиверија моментално е пласирана на десеттото место на табелата со 17 освоени бодови со што има реални шанси да се избори за седмото место на табелата, а во моментот седмопласирани се фудбалерите на Брегалница од Делчево со 21 бод.

Во следното коло Тиверија на домашен терен игра толку против Брегалница Делчево, додека Осогово му гостува на Овче Поле во Свети Николе и тоа ќе биде еден од најинтересните натпревари во следното коло.

Comments are closed.

Capture