Василево на свој терен доживеа пораз (1:3) од пресилната Плачковица. Радовишани играа во одлична форма, од натпревар во натпревар се подобри и подобри со што беа пресилни за Василево.
Радовишкот клуб ја задржува втората позиција со 39 бода и сега има предност од 5 бода во однос на второпласираната Саса.
Василево останува на 12-тото место со 15 освоени бодови.
Во следното коло Василево има тешко гостување кај Беласица на „Младост“, додека Плачковица во Радовиш ќе го пречека Кит-Го од Пехчево.
Comments are closed.