Академија Пандев со сигурност во Прва лига, голема неизвесност до петтото место

Академија Пандев во вчерашната победа со сигурност е дел од Првата лига. Струмичкиот клуб моментално е на првото место на табелата со вкупно 40 освоени бодови.

Тетекс и Скопје одигранаа нерешено без голови, со што скопјани остануваат на второто место со 27 бодови, а тетовчани се на деветтото место со 12 бодови.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017 2

Велазерими во Кичево загуби од Вардар Неготино со сигурни 0:2, со што сега клубот од Неготино се искачува на осмото место и атакува на седмата позиција.

Металург и Еуромилк одиграа исто така без голови и ги поделија бодовите. Еуромилк се искачува на третото место на табелата додека Металург ја задржува петтата позиција.

Новаци е четври на табелата со 25 бодови.

Хоризонт Турново и Тиквеш Кавадарци силите ќе ги одмерат на 8 март.

 

 

 

Comments are closed.

Capture