Утре се игра 16. коло од Третата лига – Исток

Утре со почеток од 14 часот ќе се игра 16.коло од Третата лига – Исток во кое што коло ќе се одиграт шест натпревари.

Првиот натпревар се игра во Берово помеѓу екипите на Малеш и Слога од Виница, додека вториот се игра во Пехчево помеѓу домаќинот Кит-Го и Саса од Каменица.

14199283_763773143764768_8236141470506263767_n

Василево ќе има многу тешка задача на домашен терен против амбициозната Плачковица од Радовиш.

Рудар е домаќин на првопласираната Беласица и по дебаклот кој што го доживеа во минатото коло од радовишка Плачковица прашање е дали струмичани ќе постигнат пет, седум или десет погодоци на овој натпревар.

Брегалница Делчево на домашен терен против Работник Џумајлија ќе се обиде да дојде до победа откако во претходното коло загуби катастрофално со 9:0 од Беласица.

Во Кочани домаќинот Осогово ќе ја пречека струмичка Тиверија.

Comments are closed.

Capture