Тиверија гостува во Кочани кај Осогово

Екипата на Тиверија утре во рамките на 16. коло од Третата лига – Исток патува во Кочани каде силите ќе ги одмери против петтопласираниот Осогово.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Осогово во овој натпревар е фаворит пред се поради одличната форма со која играше во есенскиот дел но така го започна и пролетниот дел од сезоната. Во минатото коло кочанскиот клуб забележа минимална но значајна победа со што останува во борба за некое од погорните пет места на табелата.

Тиверија моментално е пласирана на 11-тото место на табелата со 17 бода со што при евентуална победа новите три бода за клубот од Струмица ќе бидат значајни со што ќе има реални шанси да се бори за некое од средните места на табелата односно до седмото место.

Натпреварот се игра со почеток од 14 часот.

Comments are closed.

Capture