Моја, твоја и наша Струмица – за време на Втората светска војна

Дваесеттиот век го оставивме зад себе, во не толку далечното минато. Со него ги оставивме и сеќавањата од Втората светска војна која не ја заобиколи Струмица.

Во април, 1941 година, бугарските воени единици навлегле во Струмица. Неколку илјади граѓани се собрале масовно да демонстрираат и во поворка тргнале по улиците на градот. Струмица била завладеана. Се вовело бугарско законодавство, а по организирањето и на административната власт се започнало и со создавање на други институции. Раководниот кадар и најголем дел од службениците биле донесени од Бугарија. Се водело денационализаторска политика, а под особен притисок била изложена младината. И во училиштата биле создадени специјални наставни програми.fdsfds

Таквите услови биле неприфатливи и неподносливи за граѓаните на Струмица и државата и тие се приклучувале кон партизанското движење кое се формирало како отпор. Партизаните биле храбри и вооружени и истрајно се спротивставувале на фашистичката армија. Навираат зборовите од раскажувањата на дедо ми за тоа како се бореле, како напаѓале и како биле напаѓани; за заседите, за неговата чета партизани чиј комадант бил тој… Како заедно со неговите сограѓани се среќавал лице в лице со окупаторот во битките, како и самиот бил трипати ранет од непријателските куршуми.strumica2636236lf

По три години крвава борба, во септември, 1944 година успеале бугарската војска да ја протерат од Струмица, а во ноември истата година градот го напуштила и германската војска. За единствен народен херој од Струмица е прогласен Благој Јанков – Мучето. Тој е одликуван со Орден на народен херој, а многу други воени одликувања им се доделени на нашите струмички предци. Тие имале поинаква младост. Ним сме им благодарни за нашата младост доживеана во убава и слободна Струмица.

sr82

blagoj-mucetoВесна Д.

Comments are closed.

Capture