Василево на домашен терен против Плачковица

Фудбалерите на Василево на „Цар Самoил“ ја пречекуваат второпласираната Плачковица од Радовиш.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Радовишани во овој натпревар влегуваат како фаворити пред се поради нивната одлична форма со која играа во есенскиот дел од сезоната, но и во пролетниот дел а тоа го докажаа со натпреварот од минатото коло каде со високи 1:7 буквално го прегазија Рудар во Пробиштип.

Василево моментално е на деветтата позиција на табелата со што при евентуална победа, оваа екипа сериозно ќе се бори за шесттото место на табелата.

Натпреварот е закажан за 14 часот.

Comments are closed.

1