Беласица во Пробиштип против Рудар

Првопласираната Беласица утре му гостува на Рудар од Пробиштип во натпревар од Третата лига – Исток.

Беласица е апсолутен фаворит во овој натпревар со што останува само да видиме колку погодици ќе постигнат струмичани, пет, седум, десет или повеќе со оглед на тоа дека Беласица во минатото коло ја декласираше Брегалница од Делчево на „Младост“ со високи 9:0.

14199283_763773143764768_8236141470506263767_n

Рудар моментално е на делба на 13-тото место со Слога со вкупно 10 бода и со сигурност од овој натпревар Рудар нема ниту еден бод да извлече.

Натпреварот се игра од 14 часот.

Comments are closed.

Capture