Утре се игра 15. коло од Втората лига

По предвидената пауза од утре повторно започнуваат натпреварите од Втората македонска фудбалска лига во рамките на 15. коло.

Со почеток од 14 часот се предвидени да се одиграт сите пет натпревари.

Првиот натпревар се игра помеѓу екипите на Новаци и Академија Пандев. Новаци како третопласиран клуб му е потребна победа и нови три бода за да остане во игра за борба за второто место на табелата, додека Академија Пандев која е фаворит во овој натпревар ќе игра за нова победа и нови три бода со што нивната бодовна разлика во однос на второпласираниот клуб да остане иста при евентуална победа на Скопје или да ја зголемат на 14 бода.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Тетекс го пречекува второпласираниот Скопје каде гостите се апсолутни фаворити со што скопјани би имале лесна задача во овој натпревар.

Велазерими 77 во Кичево на домашен терен го пречекува Вардар Неготино додека Металург и Еуромилк ќе играт за нови три бода. На Металург му се неопходни трите бода за да може да се задржи со реални шанси за второто или третото место додека Еуромилк со победа над ланскиот прволигаш ќе биде сериозен кандидат за сезоната да ја заврши на второто место.

Тоа значи дека од петтото место до второто место ќе се води тешка битка.

Последниот натпревар за утре е помеѓу Хоризонт од Турново и Тиквеш Кавадарци натпревар кој се игра на „Кукуш“.

Comments are closed.

Capture