„Комуналец“ започна со ново хортикултурно уредување на јавните површини

Со подобрувањето на временските услови вработените во единицата „Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со активностите за подобрување на јавните површини во градот. Новите зафати се реализираат во првиот дел на големиот градски парк, конкретно, се работи на триаголникот каде што се наоѓа споменикот на Благој Јанков Мучето каде што ќе биде обновена тревната површина, а ќе бидат засадени и нови садници.17021575_1222948007758627_4333423538594293224_n
Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, се реконструира и фонтаната на влезот во паркот, старите плочки се заменуваат со нови, се уредува и зелениот појас во кој ќе биде извршено дополнително хортикултурно уредување, а ќе бидат поставени и нови клупи.17098178_1222948004425294_1193214909960580141_n

Comments are closed.

POP