Општина Струмица го објави повикот за финансиска поддршка на проекти од програмата Г1

 

ЈАВЕН ПОВИК G1- Поддршка PDF Печати

За прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегиите – Акциските планови за “ Локален економски развој на Општина Струмица 2016-2020, Култура 2017-2022, Развој на Образованието 2015-2020, Млади 2015-2020, Соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020“, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, од G1 Поддршка на ЛЕР, од Буџетот на Општина Струмица за  2017 година.

Финансиските средства предвидени во Програмата за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, G1- Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година ќе се доделуваат на здруженија и фондации за проекти исклучиво проектирани врз основа на  точно утврдена активност, мерка, приоритет или стратешка цел од Акциските планови по Старешките документи на Општина Струмица од  областите на ЛЕР,  Култура, Образование, Млади и Соработка со граѓански сектор.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите  кои учествуваат на овој повик се:

- Корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

- Корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;

- Остварувањето на нивните програми како и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ;

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

- Предлог проектите  да кореспондираат со горе наведените Стратегии од 2015-2022 година, односно точно да ја определуваат активноста –приоритетот, односно стратешката цел од Акциски планови кои се дел од наведените стратешки документи на Општина Струмица.

- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.

- За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.

- Здруженијата  како апликанти може да се јават  како носител на проект или како партнери на проект (најмногу на два проекти), но само еден ќе биде финансиски поддржан.

- Здруженијата кои како  апликанти се јавуваат на огласот како носител, немаат право да се јават како партнери или пак доколку се јават како партнери немаат право да се јават како носител.

- Предлог проектите со кои апликантите се јавуваат на јавниот повик мора да бидат родово сензитивни, со особено внимание на родовата  компонента кај вклучениот персонал со кој апликантот има намера да го имплементира проектот.

Елиминаторни критериуми

1. Не соодветност на предлог проектот со Стратегиите- Акциските планови на Општина Струмица, по горе наведените области.

- Доколку предлог проектот со кој здружението или фондацијата се јавува на огласот не кореспондира со горе наведените стратешки документи, односно точно не ја потврдува, стратешката цел-приоритетот, односно мерката и во тој контекст активноста точно наведена во акцискиот план како дел од секоја посебна стратегија, истиот нема да биде земен во предвид за понатамошно разгледување и оценување.

2. Непотполна документација

- Доклку се констатира дека недостасува било кој од документите кои се бараат во прилог на пријавата  со кој здружението или фондацијата се јавува на огласот, иститиот нема да биде земен во предвид за понатамошно разгледување и оценување.

Времетраење

Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат од 01 април до 31 октомври 2017 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.

Вкупно предвидени-планирани или достапни средства

Вкупните предвидени-планирани финансиски средства во Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, G1- Поддршка на ЛЕР/Трансфер до НВО, или  вкупно достапни средства  се  во висина од 2.800.000,00 денари.

Висина на достапни средства за поединечен проект

Секое здружение или фондација која се јавува на јавниот повик може да бара најмногу 250.000,00 денари или најмалку 60.000,00 денари.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.

Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета со печатни букви во кирилско писмо потпишана од застапникот, заверена со печат и штембил. Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1. Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk

2. Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации;

3. Тековна состојба на здружението не постаро од 6(шест) месеци;

4. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти на било кој начин со опис на финансиски средства и извори на финансисрање за нивната реализација;

5. Годишна програма на активности за 2017 година;

6. Извештај за добиените-користени средства од Општината Струмица во  изминатите години (Наведена област во која се јавувале како апликанти во изминатите години, име на проект и висина на користени средства);

7. CV (биографија) на главниот вклучен персонал;

8. Електронска верзија ЦД, во него аликацијата/пријавата-предлог проектот и целокупната наведена документација (скенирана во ПДФ ) како прилог кон апликацијата/пријавата.

Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица- Одделение за ЛЕР

Ул. „Благој Јанков Мучето“  Бр.37,  поранешен ДОМ на АРМ

2400, Струмица

На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по G1 – Програма за поддршка на ЛЕР со назнака за областа на делување усогласена по Соодветната  Стратегија- Акциски план на Општина Струмица.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените  прилози  не  се  враќаат.

Рок за поднесување на пријавите-предлог проектите

Рокот за поднесување на пријавите-предлог проектите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик на општинската веб страница, како и во два локални медиуми.

Рок за објавување на резултатите

Комисијата за распределба на средствата именувана од градоначалникот со решение, согласно методологија за распределба на средствата, усвоена од Советот на општина Струмица, должна е во рок од 7 дена по истекот на рокот за пријавување да ги разгледа апликациите за предлог проектите од здруженијата и фондациите, да изврши бодирање согласно критериумите, да изготви записник и достави до вршителот на должноста  градоначалник предлог бодовна листа со предлог финансиска поддршка согласно освоените бодови и во рок од 5 дена по донесувањето на одлуката од страна на Вршителот на должноста градоначалник за распределба на финансиските средства, да ги соопшти резултатите и воедно да  изврши усогласување на  активностите на проектите согласно добиената финансиска поддршка, како и да подготви договор кој ќе биде склучен помеѓу општината и здружението кое добива финансиска поддршка за 2017 година.

Заради транспарентност во разгледувањето и оценувањето на пријавите, општината во Комисијата за спроведување на јавниот повик согласно методологијата вклучува и еден претставник од Граѓанскиот сектор.

За таа цел граѓанскиот сектор во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик треба да одржат состанок на кој ќе изберат, односно ќе делегираат нивен претставник.

Избраниот претставник треба да го потврдат со потпис и печат најмалку 15 здруженија на граѓани од Општина Струмица.

Документот со кој се делегира лицето како претставник на здруженијата на граѓани во комисијата, треба до крајот на важењето на огласот да го достават во архивата на Општина Струмица- Секторот за ЛЕР, ЗЖС, МЦ и ЕФ.

Напомена!

Сите заинтересирани Здруженија на граѓани кои имаат намера да се јават на јавниот повик, мора да обрнат сериозно внимание на Упатствата кои се дадени како прилог на огласот!

Апликација Формулар за G1 за 2017 год.

Додаток Бр.2 Образец за Наративен извештај за 2017

Додаток Бр.3 – Барање за плаќање 2017год

Повик G1

Правила G1

Лице за контакт:

Тони Милушев

Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица

Тел:034/340 224. 076/483 158

mail: toni.milusev@strumica.gov.mk

Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

Comments are closed.

Capture