Седум лица од Струмица добија кривична пријава за тешка кражба

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.Р. (20), Б.Р. (19), А.К. (23), Ј.А. (25), Р.Д. (23), Ѓ.М.(23) и М.Д. (23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело “ кражба“.  Во временскиот период од 08 до 16.01.2017 година пријавените во неколку наврати од необезбеден погон за производство, лоциран во кругот на АД ИГМ „Еленица“, украле 30 акумултори  при што причиниле материјална штета од  360.000,00 денари.

kradec1-76969

Comments are closed.

Capture