Доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури

Во центарот за култура „Антон Панов“ синоќа беа доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури по распишаниот конкурс во рамките на 18-от фестивал за афоризам и карикатура, а кој финансиски е поддржан од општина Струмица. Оваа година пристигнале 200 карикатури од 30 држави и 400 афоризми на автори од десетина држави.16939689_1220622747991153_7974035202934558416_n

Според одлуката на жири комисијата во категоријата карикатури, првата награда ја доби Иваило Цветков од Бугарија, втората награда Константин Казанче од Украина и третата награда Клаус Питер од Австрија, а Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, специјалната награда за најдобра карикатура му ја додели на Златко Крстевски од Македонија.16996303_1220622751324486_6108028713732774300_n

Во категоријата афоризми, првата награда ја доби Милорад Вујновиќ од Србија, втората Пеко Лаличиќ и третата Александар Чортиќ и двајцата од Србија.

На доделувањето на наградите присуствуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

 17022302_1220622917991136_3637124258641285550_n

Comments are closed.

Capture