Повик за избор на претставници на граѓански организации за членство во локалното координативно тело за заштита од дискриминација

Општина Струмица во рамки на проектот „Заштита од дискриминација на ЛГБТИ на локално ниво“ спроведуван од страна на ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, со одлука на Советот на Општина Струмица основаше координативно тело за заштита од дискриминација.66_big

Локалното координативно тело за заштита од дискриминација е мултисекторско тело составено од претставници на локалните институции и граѓанските организации кои работата на заштита од дискриминација, човекови права, бесплатна правна помош и кои ги застапуваат правата на маргинализираните групи. Во локалното координативно тело ќе членуваат претставници на регионалната канцеларија на Народниот правобранител, подрачното одделение на Министерството за правда- бесплатна правна помош, претставник на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Струмица, Координаторот за еднакви можности на Општина Струмица и претставници на 4 граѓански организации кои работат на територија на Општина Струмица.

Основна цел на телото е унапредување на заштитата од дискриминација, пријавувањето и препознавањето на дискриминација во Општина Струмица, преку размена на информации, спроведување на заеднички активности, следење на состојбите и координиран одговор на поединечни случаи на дискриминација од страна на локалните институции и граѓански организации.

Телото ќе работи преку редовни координативни состаноци, врз основа на протокол за соработка и деловник кој членовите сами ќе го донесат. Членовите на координативното тело, претставници на граѓанските организации имаат мандат од 4 години, со можност за еден реизбор.

Членовите на координативното тело до Март 2017 ќе земат учество во следните активности:

-          Активности за промоција на формирањето на координативното тело за заштита од дискриминација

-          Учество на почетна обука за унапредување на вештините за работа во координативното тело за заштита од дискриминација, составување на план на активности, деловник за работа (08 до 10 март 2017)

-          Национална конференција за унапредување на заштитата од дискриминација во Скопје

Заинтересираните кандидати, претставници од граѓански организации од општина Струмица, треба да пратат мотивационо писмо во кое ќе ја опишат мотивацијата на организацијата која ја претставуваат за учество во координативното тело и искуството на организацијата на полето на заштита од дискриминација, човекови права, бесплатна правна помош и/или работа со маргинализирани групи и кратка лична биографија на претставникот/чката на организацијата кој го номинираат.

Мотивационото писмо и личната биографија треба да ги пратат на е-маил nela.masalkovska@strumica.gov.mk и dragana.drndarevska@hera.org.mk најдоцна до 28 февруари 2017 година.

За дополнителни информации обратете се на:

  1. Нела Масалковска- координатор за еднакви можности на Општина Струмица

 nelanakovska@yahoo.com или 076 499 870

  1. Драгана Дрндаревска- ХЕРА, проектна координаторка

dragana.drndarevska@hera.org.mk или 078 200 675

Comments are closed.

Capture