Во Струмица ќе се одржи тркалезна маса „Унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво во општина Струмица“.

На 28 февруари 2017 г. (вторник) со почеток од 10:30 часот во салата на Советот на Општина Струмица (Дом на АРМ), Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Општина Струмица ве покануваат на тркалезна маса „Унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво во општина Струмица“.Capture

Целта на тркалезната маса е да се промовира видео спотот од кампањата против дискриминација и формирањето на локалното координативно тело за заштита од дискриминација.

Говорници на тркалезната маса се:

• Нела Масалковска, координатор за еднакви можности во Општина Струмица

• Славчо Тимов, заменик Народен правобранител

• Драшко Костовки, Програмски директор ХЕРА

• Јован Ананиев, Комисија за заштита од дискриминација

• Огнен Јанески, модератор

Присутните на тркалезната маса заеднички ќе можат да ги дискутираат можностите за унапредување на системот за заштита од дискриминација на локално ниво, во општина Струмица.

Comments are closed.

Capture