Струмица уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите карневалски градови во светот

Уште едно издание за паметење и потврда дека струмичкиот карневал е меѓу најдобрите во светот, се случи синоќа на главната интернационална карневалска вечер. Прекрасните карневалски креации на домашните и странските карневалски групи ги воодушевија и жири комисијата и публиката, потврдувајќи дека Струмица е вистинското место за доживување на карневалската магија. Плоштадот „Гоце Делчев“ беше светот во мало на кој се презентираа повеќе култури и традиции на домашните и карневалските групи од Москва, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, Аруба, Бугарија. 16938943_1218839944836100_838693450620126702_n

Најновото карневалско издание го следеа и претставници на дипломатскиот кор во државата, пријатели и поддржувачи на карневалот, а со своите сограѓани беше и поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој во трите мандати и даваше максимална поддршка на оваа вековна традиција со што Струмица се најде на листата на најдобрите 20 карневалски градови во светот.16864062_1218839711502790_6535794720434621304_n 16996134_1218839714836123_1369255001488402828_n 16996195_1218839888169439_8373031898242511097_n 16996244_1218869724833122_7440153541956215023_n 16996320_1218840011502760_3221213729070459306_n 16997745_1218839708169457_5917200792150809623_n 16998217_1218839828169445_7120721856137060211_n 17021473_1218840124836082_3503425447046579223_n

Comments are closed.

Capture