Денес е Прочка: Побарајте да ви простат постарите

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои, веднаш по Божиќ и поВелигден.

ProckaОвој празник доаѓа по неколкуте зимски празници, како што се: Бадник, Божиќ, Водици, Св. Трифун, и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници, како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и други. Со Прочка, почнуваат и долгите велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу откажувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден.

На Прочка се изведуваат проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи, како што е на пр. проштевањето, имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото, затоа што ѝ згрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка од неа. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи…

Comments are closed.

Capture