Академија Пандев со гостување кај Новаци ќе го започне пролетниот дел

Струмичкиот клуб Академија Пандев кој моментално е пласиран на првото место на табелата со вкупно 37 бодови на 4. март во натпревар против третопласираниот Новаци го започнува пролетниот дел од Третата лига – Исток

Академците по 14 одиграни кола во есенскиот дел го обезбедија првото место на табелата со 37 освоени бодови, при што бодовната разлика со второпласираниот Скопје изнесува високи 11 бода.

Новаци есенскиот дел од сезоната го заврши на делба на третото место на табелата заедно со Еуромилк со по 25 бодови, со што имаат бод помалку од Скопје.

Овој натпревар ќе биде дерби на колото бидејќи за Новаци овие три бода се клучни со цел да се задржи во сериозна борба за второто место кое што води кон Првата лига, но од другата страна сериозниот и амбициозен клуб Академија Пандев ќе напаѓа за нови три бода со цел да ја задржи или зголеми бодовната разлика.

Во досегашниот тек од лигата, Академија Пандев е прва исто така и по постигнати погодоци, фудбалерите на клубот од Струмица постигнале вкупно 37 погодоци, но исто така ја имаат и најдобрата одбра примиле само 9 погодоци.

Новаци има исто така многу добра одбрана бидејќи примиле 10 погодоци.

Натпреварот се игра со почеток од 14 часот.

 

Comments are closed.

Capture