Промовирана монографијата „Подарена младост“

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, присуствуваше на промоцијата на монографијата „Подарена младост“, проект на Општинскиот сојуз на борците од НОАВМ и нивните продолжувачи која што се одржа во просториите на домот на АРМ. 16864338_1217364094983685_2969349585689589787_nВо монографијата се опфатени биографиите на сите загинати борци од сите општини во струмичкиот регион, биографиите на носителите на партизанска споменица од 1941 година и биографиите на народните херои Благој Јанков Мучето и Јосиф Јосифовски Свештарот.
Монографијата ја промовираше професор д-р Љубица Јанчева од Институтот за национална историја на Република Македонија, а истата е реализирана со финансиска поддршка од општина Струмица.16938981_1217363954983699_5196211905732961919_n 16865085_1217363948317033_5007437981328169858_n

Comments are closed.

Capture