Ограбена менувачница во Струмица

Секторот за внатрешни работи-Струмица до ОЈО-Струмица,  поднесе кривична пријава, против В.И (61) од Струмица, С.М (31), А.Ш (25), М.Ш (20) и Р.Ш (48) од с.Лабуништа, општина Струга и С.Д (44) од Струмица, државјани на Р.Македонија, поради постоење основано сомнение дека сториле   кривично дело “тешка кражба”. -известуваат од СВР Струмица.

policijalenta20144Имено,  на 24/25.09.2016 година во времето од 19.00 часот до 07.00 часот, второ, трето, четврто и пето пријавениот по претходно посочување од страна на прво и шесто пријавените и договор да извршат кражба, со погоден предмет насилно ја отвориле влезната алуминиумска врата од менувачница во Струмица,  влегле внатре  и насилно го откорнале металниот дводелен сеф сместен под работното биро  по што сефот противправно го одзеле.

Во сефот имало  3.700 евра, 1.360  УСА долари, 1.175 канадски долари, 2000 австралиски долари, 1500 англиски фунти, 300 шведски круни, 100 лева, 64.000 денари, шест златни женски прстени, еден златен привезок со женски лик во вид на круна и женска нараквица. Откако го одзеле второ, трето, четврто и пето пријавениот заедно со сефот заминале за с.Лабуништа, општина Струга.

Со извршеното кривично дело пријавените предизвикале материјална штета  во висина од 1.254.600 денари.

Од страна на Одделението за криминалистичка полиција при СВР-Струмица, веднаш по пријавување на настанот, превземени се сеопфатни мерки и активности за расветлување на кривичното дело, идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите.

Идентификувани се сторителите за кои постои основано сомнение дека го сториле делото. На 23.02.2017 година по Наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес кај прво и шето пријавениот  и по целосно расчистување и документирање на делото се се  лишени од слобода и предадени на судија на претходна постапка. Додека на второ, трето, четврто и петто пријавените со Наредба на судија  на претходна постапка им е одрена мерка притвор во траење од 30 дена.

Comments are closed.

Capture