Музичкото училиште „Боро Џони“ одржа уште еден концерт за паметење

Синоќа во големата сала во центарот за култура „Антон Панов“, се одржа традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“. Струмичани кои ја наполнија салата уживаа во прекрасните изведби на учениците. На концертот присуствуваа вршителот на должноста градноначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, претседателот на советот Јосиф Христов и членови на истиот.16649031_1217185141668247_9154968288254389135_n
Пред концертот беше отворена изложбата на фотографии од минатогодишното издание на струмичкиот карневал.
Карневалските свечености продолжуваат вечерва со карневалското дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица, а свеченото отворање на овогодинешното издание на карневалот ќе се одржи во хотелот „Сириус“ со традиционалниот маскенбал кој ќе започне во 21 часот, а на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната интернационална карневалска поворка в сабота која ќе стартува во 18,30 часот.16681677_1217185051668256_8742912680831296905_n 16830936_1217185055001589_5607390135292561697_n 16864696_1217185305001564_8082289383464485615_n 16865006_1217185058334922_2714531529824615073_n 16865096_1217185148334913_3929471829451458380_n 16938439_1217185185001576_3383523130379899047_n 16938614_1217185135001581_7131444837814534934_n 16938653_1217185301668231_1569646470250289766_n 16938934_1217185211668240_2558483183233747925_n 16939232_1217185221668239_8998872305341396797_n

Comments are closed.

Capture