Во училиштето во Просениково инсталирано е топловодно греење

Во општинското основно училиште „Герас Цунев“ денеска беше одбележан Денот на училиштето. Одбележувањето започна пред спомен бистата со положување свежо цвеќе, а продолжи со пуштање во употреба на системот за топловодно греење. Истиот во употреба го пушти вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, а за оваа и останатите инвестиции во училиштето зборуваше директорот Ванчо Манолев.16681877_1217347688318659_2216153293202186732_n

-Во изминатите триипол години во ООУ „Герас Цунев“- Просениково, се реализираа повеќе активности, меѓу кои беше и реализацијата на капитални инвестиции со кои конечно се решија долгогодишните проблеми со кои се соочуваа учениците и вработените во ова училиште. Имено, денес училиштето располага со фекална канализација, нови модерни тоалети во состав на училишната зграда, нови прозорци, термоенергетска фасада… Со заеднички залагања на училиштето и општина Струмица, денес сме сведоци на реализацијата на најголемиот капитален проект- инсталација на топловодно греење во училиштето. Финансиската конструкција на овој капитален проект од околу 2,5 милиони денари е затворена со помош на општина Струмица, за што изразуваме голема благодарност до вработените во општина Струмица, особено, а посебно до поранешниот градоначалник Зоран Заев, без чијашто несебична поддршка ништо од горенаведеното немаше да биде реализирано.16864646_1217347491652012_6196448828335954427_n
Горди сме што сме дом на 306 ученици кои учат во две смени на македонски јазик, меѓу кои има и ученици- припадници на турската заедница, и во кое има образован и разновиден кадар, спој на младоста и искуството, способен да се справи со предизвиците на квалитетната настава. Секојдневно ги подобруваме материјално- техничките услови за работа и работиме на произведување млади индивидуи кои се подготвени да го преземат товарот на градење посветла иднина, на свои плеќи, рече Манолев.
Во чест на празникот, беше изведена богата свечена програма.

 16996516_1217347498318678_4908574832675621998_n 16938721_1217347698318658_5895859520319320625_n 16996496_1217347601652001_5343232896660196451_n 16865126_1217347494985345_2149059392258022659_n 16864702_1217347814985313_4421134151376906368_n

Comments are closed.

Capture