Пролеттниот дел од Третата лига – Исток стартува на петти март во рамките на 15. коло.
Натпреварите ќе започнат со почеток од 14:30 часот е првиот натпревар ќе се одигра во Свети Николе помеѓу Овче Поле и Тиверија каде домаќините се фаворити.
Работник Џумајлија на домашен терен ќе го пречека Осогово, додека Беласица во Струмица силите ќе ги одмери против Брегалница од Делчево, каде струмичкиот клуб е апсолутен фаворит.
Во Пробиштип Рудар ќе биде домаќин на Плачковица. Радовишкиот клуб во одлична форма го заврши есенскиот дел од сезоната. Во овој натпревар радовишани се апсолутни фаворити и се подготвуваат за влез во Втората лига.
Саса на свој терен е фаворит во натпревар против Василево, додека Слога 1934 е домаќин на Кит-Го од Пехчево.
Беласица е на лидерската позиција со 39 освоени бодови, радовишкиот клуб Плачковица е на второто место со вкупно 33 бода, два бода помалку има третопласираната Саса.
На долниот дел од табелата е отпишаниот Конче Бирлик со нула бода, Рудар и Слога се на делбата на 13-тото место со по 10 бода. Малеш од Берово со 15 бода се наоѓа на 12-тото место.
Comments are closed.