На 4. март започнува пролеттниот дел од Втората лига

На четврти март започнува пролеттниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Вториот дел од сезоната започнува со 15-тото коло каде што ќе се одиграт вкупно 5 натпревари.

Со почеток од 14 часот Новаци на домашен терен ќе ја пречека првопласираната Академија Пандев, каде струмичани се благи фаворити.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Во Тетово екипата на Скопје му гостува на Тетекс, каде гостите се апсолутни фаворити.

Велазерими во Кичево го пречекува Вардар од Неготино, додека ланскиот прволигаш Хоризонт Турново е фаворит против Тиквеш Кавадарци на „Кукуш“.

Металург и Евромилк ќе ги одмерат силите меѓусебе, а трите бода се значајни и за двата клуба со оглед на моменталната состојба на табелата.

Да се потсетиме на состојбата на табелата по 14 одиграни кола. Академија Пандев е прва на табелата со 37 бода и со сигурност ќе биде дел од Првата лига, Скопје е второпласиран тим со 26 освоени бодови, третото место го делат Новаци и Еуромилк со по 25 бода.

На долниот дел табелата состојбата е следна: Тиквеш Кавадарци е последен со само 7 освоени бодови, Вардар Неготино е место погоре со три бода повеќе, додека Тетекс е осмопласиран со 11 бодови.

 

Comments are closed.

Capture