Евроамбасадорот Жбогар во посета на општина Струмица

Во рамките на новата кампања на Европската унија „ЕУ за тебе“, денеска, во посета на општина Струмица беше евроамбасадорот Самуел Жбогар.  На средбата со в.д градоначалникот Костадин Костадинов и останатите претставници на Општината се разговараше за досегашната соработка меѓу Европската унија и општина Струмица, за предизвиците и плановите на Општината. Заедничка беше констатацијата дека ЕУ и општина Струмица имаат одлична соработка, а потврда за тоа се релизираните проекти.1 (11)

-Денеска сме особено горди што општина Струмица е домаќин на евроамбасадорот Самуел Жбогар и секако за нас претставува чест што општина Струмица е дел од новата кампања на Европската унија насловена „ЕУ за тебе“. Она што морам да го напоменам е дека континуираниот растеж на нашата општина покрај спроведувањето на добрите политики од страна на доскорешниот градоначалник Зоран Заев, се и добрата соработка со ЕУ и  секако и нашата умешност во искористувањето на нивните фондови за корисни проекти. Еве веќе една деценија започнувајќи од 2007 година па до денеска, општина Струмица се наоѓа на самиот врв во Република Македонија во поглед на искористеноста на фондовите на ЕУ, па така од тие фондови нашата општина има реализирано 13 проекти за кои ЕУ издвојуваше 12 милиони евра. Јас сум особено среќен и горд што ЕУ во последно време поддржува проекти кои што се од областа на заштита на животната средина, за таа цел во општина Струмица во тек на реализација се два крупни капитални проекти и тоа Пречистителна станица за отпадни води во Струмица како и канализациони системи во населените места Просениково, Дабиле и Добрејци. Искрено, се надевам дека таа добра соработка со ЕУ ќе продолжи и понатаму се со цел обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани на нашата општина, рече Костадинов.3 (6)

И евроамбасадорот Жбогар ја потенцираше добрата соработка на ЕУ со општина Струмица.

-Јас исто така сум многу среќен што денеска сум во општина Струмица која што е во програмата на европската унија „ЕУ за тебе“ чиј што фокус е заштита на животната средина. Што се однесува на животната средина, јас бев многу радосен што денеска дознав дека вашата општина како фокус ја има заштитата на животната средина, а кога зборуваме за животната средина, општина Струмица веќе има работено на инсталирање на гасификација на целата општина, исто така, како општина работите на промоција на фотоволтаичниот систем и во искористување на други обновливи енергенси. Нашиот проект, изградба на Пречистителна станица исто така ќе помогне во пречистување на реката Струмица во вашатата општина и исто така гледам дека за во иднина планирате и други проекти, односно, дека друга ваша грижа е прочистување на речното корито на друга река во општина Струмица како и изградба на депонија. Доказ за добрата соработка на Европската унија со вашата општина, се бројните проекти кои што ги има тука имплементира, но исто така мислам дека најважниот и најголемиот капитален проект кој што се имплементира во вашата општина е изградбата на Пречистителната станица за која ЕУ инвестирше повеќе од 5 милиони евра и мислам дека сите овие проекти во иднина ќе ни послужат како охрабрување за продолжување на нашата соработка и реализација на други проекти, рече Жбогар.5 (3)

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на в.д градоначалникот Костадин Костадинов му врачи сертификат за успешната соработка на Европската унија со општина Струмица, а беше посетена и Пречистителната станица.7 (3) 6 (3)

Comments are closed.

Capture