Запознајте ја старата струмичка кујна – КАДАИФ

За Прочка, струмичката трпеза не може и денес да се замисли без Каидиф или Кадииф како го нарекуваме. Тоа е десерт кој навидум е едноставен, но за подготовката во минатото, требало време, бидејќи се подготвувал дома, односно самиот кадаиф, тенките корички се правеле дома.

2013-03-16_23-14-08_1400x1050

Денес можеме да купиме полуподготвен и со малку труд да си го одбележиме еден од најубавите празници. Она што е најважно за тој празник е што во минатото, помладите семејства оделе кај родителите, за да бараат прошка од нив, како постари. И така останало до денес, да се бара прошка од постарите.

Ручекот го подготвувале родителите со сета радост, за своите најмили… Недела, на Прочка, Струмица од рано утро замирисува на печениот кадаиф, Јагнешката полнета плешка, Дроб сарма, Полнети сплини… кои се само дел од изборот за празникот…

2013-03-17_12-55-52_1400x1050

Рецепти за Кадаифот има различни според вкусот на семејството и новите моди.Многумина од нас во странство, се соочуваме со потешкотии да го купиме, но меракот за да ја сочуваме традицијата, ќе нé натера да го најдеме…

Основниот рецепт е кадаиф, ореви, маргарин,зејтин или путер, шеќер, но некои сакаат и суво грозје, канела.  Пакувањето е различно во други земји, потпечен е и затоа прилагодував, покрај оревите, ставив и бадеми, ванила, канела и кисела вода за ролатчињата…

2013-03-17_13-01-42_1400x1050

Но за да направите според старинскиот рецепт, потребни ви се 500 гр. кадаиф од кој половина редите во правоаголен плех намачкан со маргарин или путер. Врз него ставете ги сецканите ореви околу 250 гр.помешани со ванила, а врз тој ред, ставете ја другата половина од кадаифот.

Растопете околу 250 гр.маргарин или путер,полијте и ставете да се пече внимателно. Кога ќе се излади, прелијте со шербет, одприлика 1л вода со и 1кг.шеќер.

При крај додадете во шербетот кругчиња лимон.

Некои шербетот го сакаат погуст, некои поводен, јас го правам поводен,зашто не утратува како велиме, но тоа се вкусови…

Добар апетит!

 

Весна Рохр, Со љубов за вас

 

Comments are closed.

Capture