Напредок Радово против Огражден Иловица во пријателски натпревар

Екипата на Напредок Радово пред почетокот на пролеттниот дел од Третата лига – Исток силите ќе ги одмери против Огражден Иловица во пријателски натпревар.

14568074_972039576256680_3247492299439352299_n

Натпреварот е закажан за утре со почеток од 13 часот.

Напредок од Радово во рамките на Третата лига е пласиран на седмото место на табелата со 21 освоен бод. Во вкупно 14 одиграни натпревари фудбалерите на клубот од Радово постигнаа 22 гола додека примија 25.

Напредок Радово пријателскиот натпревар против Огражден Иловица ќе го искористи за подготовка пред почетокот на Третата лига.

Comments are closed.

Capture