Никола Тунев: Создадовме бренд за забава – клуб Платинум

За познатиот струмички ноќен живот се зборува низ цела Македонија. Струмица има што да понуди како забава. Клуб Платинум,  едно од најпознатите места во Македонија за добра забава успешно работи повеќе од една декада.

16780294_1241115415972073_1427031214_nНиз годините, клуб Платинум беше домаќин на многу познати македонски и странски музички изведувачи и диџеи, а забавите кои поминаа, се само дел од историјата што Струмица ја испишува како идеално место за ноќна забава.

Никола Тунев, или познат на струмичани како Шумац е главниот менаџер на клуб Платинум кој уште од самиот почеток е со клуб Платинум, и како што вели, горд е на брендот кој го создадоа.16754126_1241115549305393_1383200136_n

Што е тоа што клуб Платинум го прави најдоброто место за забава во Струмица?

Н.Тунев: Клуб Платинум веќе подолг период понуди повеќе проекти што до тој момент во ноќниот живот ги немаше во Струмица, а му требаа, и по тоа стана препознатлив не само во Струмица, можам да кажам дека во Источна Македонија стана симбол на добра забава поддржувано од голем број на гости

Со што се гордее менаџерскиот тим на клуб Платинум?

Н. Тунев: Менаџерскиот тим веќе подолг период будно ги следи сите трендови на забави и среќни сме што реализиравме голем број на различни забави. Луѓето не поддржуваат и тоа е нашата мотивација за да продолжиме со уште подобри забави.16754465_1241115485972066_863919304_n

Што се подготвува за карневалите? Што очекувате?

Н. Тунев: За карневалите одлучивме да го понудиме најголемиот проект во последните 10 години затоа што мислам дека немаме доволно квалитетна програма, а имаме голем пад на Карневалот во последните години. Едноставно не нудиме добра програма, а за тоа сите сме виновни трчајќи по профит ја забораваме  традицијата.

Во клуб Платинум карневалските забави започнуваат уште во четврток со средношколскиот маскенбал. Во петок забавата продолжува под маски како маскенбал за сите гости, а веќе во сабота имаме денска забава со најпознатиот македонски диџеј Кирил Џајковски.16780095_1241115582638723_1842185381_n

Колку години успешно работи клуб Платинум?

Н.Тунев: Клуб Платинум работи веќе 10 години, а јас го водам повеќе од 8 години. Вложив многу труд и работа за да го донесам клубот до тука каде што е денес. Верував во една мисла што секогаш ја повторував дека ,,Еден ден сите непроспиени ноќи ќе се исплатат”

16142739_10154888984204043_2127062626365532757_n16780648_1241115395972075_391922567_n

16736387_1241115599305388_1065226498_n 16754139_1241115435972071_422703919_n

Comments are closed.

Capture