Атлетичарот Ристе Пандев е најдобриот спортист во општина Струмица за 2016 година

Во големата сала на домот на АРМ, синоќа се одржа традиционалниот избор на најдобрите во спортот за 2106 година. Покровител на оваа спортска манифестација беше општина Струмица, а истата се одржа во организција на Општинскиот сојуз на училишен спорт. 16641020_1210064579046970_3097567743827699758_nНа манифестацијата присуствуваа и наградите ги врачија заменик градоначалнкот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членов на истиот. За најдобар спортист беше прогласен атлетичарот Ристе Пандев, за најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција беше прогласен сениорскиот тим на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“, а за најдобар тренер во оваа категорија беше прогласен Панче Стојанов. Академија Пандев ја освои и наградата за најдобра млада спортска екипа, а тренерот Југослав Тренчовски за најдобар тренер во младинските категории. На синоќешниот избор беа врачени и плакети на спортските клубови кои во 2016 година славеа годишни јубилеи, а признанија добија и клубови и екипи кои во минатата година се истакнаа со учество на меѓународни натпревари и развој на младинскиот спорт.16711626_1210064479046980_383238434291988400_n
Заменик градончалникот Костадин Костадинов потенцираше дека општина Струмица од секогаш давала максимална поддршка на спортот.16711685_1210064609046967_8142593009158840217_n
-Струмица е една од општините која најмногу финансира во спортот во Република Македонија. Општина Струмица издвојува 14,5 милиони денари од буџетот од програмата за спорт. Секако, секогаш може и повеќе, но имајќи ги во предвид финансиските можности на Општината и имајќи ја во предвид економската ситуација во државата, ние мораме да балансираме и да придонесеме општинскиот буџет да ги задоволи сите целни групи на граѓани. Ќе повторам, спортот секако е од оние целни групи кои имаат предничат во буџетот, рече Костадинов.16730215_1210064475713647_6104306632939159484_n 16730439_1210064645713630_4152204050599171915_n 16730591_1210064575713637_2196879525200648557_n

Comments are closed.

Capture