Струмица утре ќе ги избира најдобрите во спортот за 2016 година

Традиционалната манифестација „Спортист на годината 2016“ на општина Струмица ќе се одржи в среда (15.02.2017г.) со почеток во 19 часот во просториите на домот на АРМ во Струмица. 66_bigПокровител на оваа спортска манифестација која што се одржува над 30 години е општина Струмица, а организатор Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица. На утрешната манифестација ќе бидат прогласени најдобрите тренери во младинска и сениорска конкуренција, најдобрите спортисти и најдобрите екипи во младинска и сениорска конкуренција, а ќе бидат доделени и плакети на спортски клубови и друштва кои минатата година прославија годишни јубилеи.

Comments are closed.

Capture