Моја, твоја, наша Струмица – опиени од вино и љубов

На 14 фебруари се прославуваат празниците на двајца светители: Свети Трифун и Свети Валентин. Тие им припаѓаат на оние светци кои ја навестуваат пролетта, кога сѐ се буди и оживува…Capture

Свети Трифун е православен светец, заштитник на виното и лозата па оттука овој празник најмногу го слават винарите и лозарите. На овој ден, обичај е да се зареже гранче од виновата лоза и истото да се залие со вино за годината да донесе богат род. Самиот православен светител на иконите е претставен како во едната рака држи срп и сноп, а во другата крст и винова лоза.

Capture

Трифун уште како дете се истакнал со своето исцелителство и чудотворство на другите. Ги лечел болните и ги бркал лошите демони. Така ја излечил и ќерката на царот Горијан, Горијана во Рим, во 3 век н.е. Но кога на власт дошол Декиј, мачителот на христијаните, пратил војници по Трифун, кој не се откажал од својот Бог. Затоа бил изложен на големо мачење и потоа бил погубен. Сето тоа се случило на 14 фебруари. Се верува дека на овој ден, Св. Трифун боцнува лозово гранче во почвата и снегот почнува да се топи. Друго верување е дека ако на овој ден врне дожд, тогаш годината ќе биде родна. На празникот на Св. Трифун се пие вино, кое, за време на Литургијата е благословено од свештеникот и станува Крв Христова.Capture

И Свети Валентин живеел во 3 в.н.е., во Италија. И тој бил христијанин – чудотворец па го направиле маченик и пострадал како таков. Сето она што ни е познато за овој светец повеќе е легендарно, а факти и реални податоци за него има во помал број. Се смета и за светец – заштитник на очите (според една легенда ѝ го вратил видот на слепа девојка). Католичките верници го слават на 14 фебруари.Capture

Што е тоа што го прави овој светец патрон на вљубените? Една околност е самото негово име, Валентин, кое значи: здрав, силен, млад, па со оглед на тоа и заштитник на сите млади кои носат жар во срцата и врелина во чувствата, оние кои се заљубени и вљубени. Според легендите, тој сакал мирисно цвеќе и рози и им ги подарувал и на силно вљубените млади; тој тајно го извршувал и Светото Венчание на оние на кои им било забрането јавно да стапат во брак. Свети Валентин буди спомени и кај постарите бидејќи унијата и топлото гнездо му се мили секому, без разлика на годините. Затоа, на празникот на Свети Валентин – денот на вљубените, сите се вклучени во ритуалот на подарувањето: пријатели, родители, вљубени и заљубени, cтрумичани и cтрумичанки. Кога се сака и се љуби секој ден е празник, но празникот на Свети Валентин е повод повеќе за да се изрази таа љубов кон саканата личност.

Capture

Comments are closed.

Capture