Денеска се слави Св.Трифун

Христијанскиот светец Трифун е роден во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството бил чувар на гуски. И уште од детството можел да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. trifunВо тоа време со Римското царство владеела царот Гордијан, чијашто ќерка слегла од умот и со тоа го фрлила царот во голема жалост. Ниеден лекар не можел да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборел преку девојката и рекол дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаале и овој млад Трифун.

Го довеле во Рим и тој ја исцелил царската ќерка. Царот му подарил многубројни дарови, а тој на враќање им ги разделил на сиромашните. Потоа оваа свето момче продолжило да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацарил христоборниот Декиј, Свети Трифун бил малтретиран и свирепо измачуван заради Христус. Но тој со голема радост ги поднел сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетиле ни малку и најпосле мачителите го осудиле на смрт со меч. Му се помолил на Бога и издивнал во 250 година.

Comments are closed.

POP