Општина Струмица објави Јавен повик за дотација за тренери во спортските клубови

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

 ЈАВЕН ПОВИК

за дотација за тренери во спортските клубови
Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2017-та година, односно 10 месеци.
Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2017 година, во програмата за спорт (L0).
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:
- Фудбал: Прва, втора, трета лига и младински категории*
- Кошарка: Прва, Втора лига и младински категории*
- Одбојка: Прва лига и младински категории*
- Ракомет: Прва, втора лига и младински категории*
- Останати спортови: Прва лига, втора лига, младински категории*

* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За спортските здруженија и други правни лица:
1. Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)
2. Решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт
3. Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)

За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:

1. Тренерот кој аплицира да е невработен
(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)
2. Фотокопија од лична карта
3. Потврда за завршено образование
4. CV Биографија
5. Мотивациско писмо

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 21.02.2017 година (Вторник) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ – ТРЕНЕР)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Comments are closed.

Capture