На конференција во Струга општина Струмица споделуваше добри практики за одржување на училишните објекти

Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во Струга се одржа конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти. 16708210_1207394245980670_6799153042865507664_nНа конференцијата беа присутни претставници од општините и секретари и технички персонал од училиштата кои беа реновирани. Посебен осврт на конференцијата беше даден на работните процедури за одржување на училишните објекти и одржувањето на системите за греење. Значењето на ефективното одржување на училишните објекти се состои во обезбедувањето на безбедна и здрава физичка средина во училиштето, нормално функционирање на наставата, продолжен век на користење на училишните објекти и училишната опрема, зголемена енергетска ефикасност, финансиски порационално одржување и намалени оперативни трошоци. 16730242_1207394242647337_469078256332963305_n

Во претходните пет години голем број училишта во Република Македонија, меѓу кои беа и училишта од општина Струмица, преку овој проект добија финансиски средства за реновирање на училишните објекти. Општина Струмица учествуваше со најмалку 10 проценти од вкупниот грант и според финансиските можности, допринесе да се заокружи завршувањето на реновирањето на кровот на објектот на подрачното основно училиште во село Банско и поставувањето на алуминиумски прозори на објектот на СОУ „Никола Карев“-Струмица. На крајот од конференцијата, на сите учесници од тимовите за реновирање во училиштата и општините им беа доделени сертификати за учество.16730317_1207394249314003_3918787389294787346_n

Comments are closed.