Општина Струмица им оддаде почит на жртвите од опожарувањата на Куклиш

Заменик градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, денеска, положи свежо цвеќе пред Спомен костурницата во селото Куклиш и заедно со претседателот на Советот Јосиф Христов и членот на истиот Борче Хаџиев, им оддадоа почит на жртвите, а по повод одбележувањето на 186 години од првото опожарување, 113 години од второто и 105 години од третото опожарување на ова населено место. На панихидата на која присуствуваа и претставници на Општинскиот сојуз на борците и жители на селото им беше оддадена почит и на паднатите жртви од 1904 до 1912 година и во Втората светска војна.16708508_1206651782721583_6260168411124341551_n 16708545_1206651772721584_8384742654777913098_n

Comments are closed.

Capture