Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 6

aco gorgiev

Ацо Ѓоргиев е роден 1970г. во с.Муртино, Струмичко

 

- Тоа што не сум за секаде, не значи дека сум за никаде.


- На работно место сум алфа и омега, само дома сум безгласна буква.

 

- Рамките на прозорецот ги обоив розово. Редно беше и јас да имам розов поглед на светот.

 

- Роден сум за хуморист. Се´ што допрев се претвори во вистинска хумореска.

 

- Многу сум ситничар, ситните работи го исполнуваат мојот живот.

Нормално, кога до крупни не можам да дојдам.

 

- Се запишав на курс за шнајдери. Редно беше, цел живот други ми ја кројат капата.

 

- О писменех: Од латиницата ги знам само кириличните букви.

 

- Долго време живеев на работ, потоа одев по жица, сега висам на конец.
Сламката ја чувам како последен адут.

 

- Имам говорна маана.
На луѓето им го кажувам она што не им одговара да го слушнат.

 

- Загрижен сум.
Станав индиферентен.

 

- Мојата плата е вистинско чудо.
Секое чудо за три дена.

 

-  Ми стана кристално јасно – во магла сум !

 

Comments are closed.

Capture