Наставниците од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица на обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница

Во рамките на програмата Инклузивно образование, која се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со БРО и МЦГО-Скопје, наставниците од општинското основно училиште „Видое Подгорец“ од Струмица ја следеа обуката за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница.1 (10) Обуката ја водеа одделенскиот наставник Соња Цицимова и стручниот соработник-дефектолог Тања Црвенковска. Преку интерактивен пристап и креативни активности, беа опфатени повеќе теми кои се однесуваат на елементите на диференцираната настава преку поддржувачка средина за учење, квалитетно планирање, организација на училницата, настава која одговара на разликите помеѓу учениците, соработката со семејството, колаборативното учење и давањето на писмена повратна информација за постигнувањето на учениците. Посебен осврт беше даден за учениците со посебни образовни потреби, со дискусија како да се подобрат однесувањето и социјалните вештини во училницата.2 (5)

Со цел да се даде особен придонес за унапредување на градењето на процесите за комуникација со родителите, учениците, училишниот персонал и сите засегнати страни за подобрување на условите за изведување на редовната настава во основните училишта, општина Струмица во рамките на донесената стратегија за образование ја опфаќа поддршката за едукација и стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар за потребите на соработката на воспитно-образовните институции и локалната заедница.6 (2)

Comments are closed.

Capture