Даскаловски: Општинската организација на СДСМ го поздравува денешниот чин на господинот Витанов

Прес конференција

Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица

Интегрален текст

16521678_1471165616228302_1556976500_nПочитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

На вчерашната прес конференција на Општинската организација на СДСМ, која ја одржавме како одговор на прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, рековме дека обидот за преземање на локалната власт во општина Струмица е плод на манипулација од невидени размери.

Еве, денес, само дваесеттина часови од вчерашните случувања, излезе дека потполно сме биле во право и дека манипулацијата која ја споменавме, бргу излезе на површина.

Денешната изјава на советникот од мнозинската советничка листа предводена од СДСМ, д-р Методи Витанов, го потврдува токму тоа, дека тој бил изманипулиран  од раководството на ВМРО – Народна партија.

Општинската организација на СДСМ го поздравува денешниот чин на господинот Витанов и неговата решеност, доследно  да ја испочитува волјата на граѓаните.

Со тоа, продолжува успешниот развој за доброто на општина Струмица и нејзините граѓани, развој кој  го  испишува мнозинството предводено од СДСМ, како вовед во нови успеси на наредните локални избори и продолжување на континуитетот на растеж на нашата заедничка општина.

Comments are closed.

Capture