Христов: Поради теснопартиски интереси на советничката група на ВМРО ДПМНЕ не се одржа 49-та седница на Советот

Четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица која што беше закажана за денеска, не се одржа. Според претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, седницата не се одржа поради тоа што не беше усвоен дневниот ред, односно, советниците на ВМРО ДПМНЕ гласаа против предложениот дневен ред.1 (8)

-Со тоа се виде дека на советниците на ВМРО ДПМНЕ и Социјалистичката партија не им е до проблемите на граѓаните, не им е важно да се усвои Предлог – планот за запишување на учениците во прва година во средните општински училишта во учебната 2017/2018 година, туку, во преден план им се теснопартиските интереси. Не гласаа од причина што не се гласаше за да се дополни дневниот ред на веќе одбиените, неприфатени предлози кои што се однесуваа за решение за разрешување и избор на претседател на Комисијата за мандатни прашања, решение за разрешување и избор на член на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на општина Струмица, решение за разрешување и избор на член на Комисијата за јавна безбедност и член на Комисијата за здравствена заштита. Уште еднаш ќе напоменам дека преовладаа теснопартиските интереси, не ги интересираат ни проблемите на граѓаните со кои се соочуваат од областа на урбанизмот бидејќи имавме 13 точки предложени на дневен ред за лицата кои што имаат проблеми со легализацијата на бесправно изградените објекти, а за кои со позитивна одлука на Советот ќе продолжи нивната постапка и ќе можат да ги легализираат тие објекти и секако и другите точки кои што беа на дневен ред, меѓу кои и дополнетата Предлог одлука за утврдување приоритет на проект за изградба на базна преграда во селото Габрово со кој што Општина Струмица требаше да аплицира за овој проект и да го добие, а кој 88 проценти се финансира со средства од буџетот на Република Македонија и со кој трајно ќе беше решен проблемот со поплавите во Габрово. Со тоа констатирам дека седницата не се одржа и уште еднаш ќе наведам од причина што не беше изгласан дневниот ред, рече Христов.7 (2)

Comments are closed.

Capture