Струмичките ловџии го прихрануваат дивечот во струмичко

Ниските температури и снегот ги натера ловџиите да излезат на терен и да извршат прихранување на дивечот по околните планини во струмичко. Членовите на Беласица од Струмица и Фазан од Василево на повеќе ловишта на кои се концесионери оставија храна обезбедена од самите ловни друштва. 153930
„Целта на ловното друштво колку и да звучи контрадикторно не е само отстрелот на дивечот туцу целта на ловното друштво е да се грижи за дивечот. Отстрелот е само намалување на прекумерното размножување на дивечот. Но во такви земски услови, хумано е ловното друштво и врши прехрана на сите делови на нашите терени со луцерка и компир за ситниот дивеч,“ изјави Димитар Арапов, ЛД Беласица Струмица.
Повеќе на 24Вести,

Comments are closed.

Capture