И во Струмица „замрзната“ Првата лига

Натпреварот меѓу двете од четирите суспендирани екипи од страна на МКФ, Струмица и Кожув не се одигра. 

kkstrumicaСуспензиите на македонската кошаркарска федерација продолжуваат да се спроведуваат низ прволигашките терени. По дуелот меѓу Куманово и АВ Охрид, денеска не се одигра ниту средбата меѓу Струмица – Кожув во рамките на 10. коло од Првата лига.

Како што пишва Спортмедиа.мк МКФ одлучи да ги суспендира оние екипи кои немаат подмирено тековни долгови, во случајов станува збор за котизација и лиценци за странските играчи. Доколку Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи не ги исплатат под голем знак прашалник ќе биде доведена регуларноста на првенството.

Comments are closed.

Capture