Споменикот на Револуцијата

1173900_436026363180614_1254465967_n

Споменикот на Револуцијата е еден од поважните обележја на Струмица. Тој се наоѓа на влезот на Градскиот парк и е посветен на паднатите борци во НОВ во Струмица.

Споменикот е откриен во 1963 година и се состои од два дела: мермерен столб- платно, вертикално поставен на кое е изведена релјефна композиција од машка, женска и детска фигура, додека, пак, вториот дел се состои од две човечки фигури во цел раст. И двете фигури се во згрчена положба и претставуваат борци во пад по стрелањето, но постојат и толкувања дека тоа е стриповско претставување во две слики на ист борец во пад.

1173900_436026363180614_1254465967_n

Дело е на академскиот ликовен уметник Илија Аџиевски од Скопје.

Comments are closed.

Capture