Тешка кражба во викендица во Струмичко

Вчера во 12.00 часот во полициската станица во Струмица, Р.А. од село Банско пријавил дека во периодот од 14.00 часот на 23.01.2017 до 11.00 часот на 24.01.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата викендица во село Банско.kradec-69884

Сторителот со употреба на погоден предмет го скршил надворешното стакло од прозор од викендицата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел две моторни пили и една комбинирана ловна пушка марка „Преламача Прага“. Откако ги одзел наведените предмети сторителот побегнал во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи од Струмица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Comments are closed.

Capture